Општинскиот суд во Ливно, Босна и Херцеговина, вчера на осомничениот Т.П. (41) му определил 30-дневен притвор, бидејќи ја предизвикал сообраќајната несреќа во која пред неколку дена загинаа четворица млади од селото Струпниќ кај Ливно – Владо (20), Славица (20), Јозо (21) и Ивана (19).
Т.П. се товари за тешки дела против сигурноста во сообраќајот, неукажување помош на повреден(и) во сообраќајна несреќа, неовластено држење оружје и за фалсификување исправи.
Тој на 9 април околу 23 часот, за време на забрана за движење поради коронавирусот, на магистрален пат кај Ливно, управувајќи со „ланд ровер“ без запалени светла, со левиот преден дел на возилото удрил во голфот во кој биле четворицата млади кои починаа во сообраќајката. Истовремено, осомничен е дека ги оставил без помош повредените во сообраќајката зашто тој веднаш по судирот мирно си ја закопувал ловечката пушка стотина метри подалеку, за да не ја пронајде полицијата. Во исто време, полицијата кај него дома пронашла и полуавтоматски ракетен фрлач М-80, познат како „золја“, две рачни бомби, 15 пиштоли, муниција и бајонети.
Освен тоа, Т.П. се товари и дека на 30 март направил лажна исправа со која му се овозможува, наводно како ловочувар, движење 24 часа во денот.

Четворицата млади што загинаа во сообраќајката


