Бизарна и приказна како од некој филм се случила во Парагвај. Лекарите една пациентка пред време ја прогласиле за мртва, а потоа следувала вистинска драма, пренесува „Мондо“.
Несреќната жена, инаку болна од рак, во саботата наутро била однесена на клиниката „Сан Фернандо“ вп Коронел Овиедо, откако и’ се покачил крвниот притисок, пишува „Дејли меил“.
Соред извештајот на парагвајската полиција, 50-годишната мајка во болницата била примена во 9.30 часот по локално време. Докторката што ја прегледала, ја прогласила за мртва во 11.20. Причина за смртта бил рак на грлото на матката.
Болницата потоа го предала „мртвото тело“ во ќеса на погребниците и на семејството. Но, погребниците, за среќа, дошле до шокантно откритие – жената почнала да мрда во ќесата кога почнале да ја вадат од неа во капелата. Жената потоа веднаш била однесена во една медицинска установа на парагвајскиот Завод за социјална заштита.
„Лекарката претпостави дека мајка ми е мертва и не се ни обиде да ја оживее. Предвреме ја отпиша и ја испрати во капела“, изјавила ќерката на „починатата“ за парагвајска телевизија.