Во централната провинција Касаи на Демократската Република Конго, потона брод. Во несреќата животот го загубија најмалку десет лица, пренесува Анадолија (АА).
Националните медиуми објавија дека Диудоне Пиеме, градоначалникот на Касаи информирал дека во реката Лумбембе вчера потонал брод во кој се наоѓале најмалку 20 лица.
Претставник на полицијата соопшти дека досега од реката се извлечени десет тела, додавајќи дека продожуваат операциите за пребарување.
Од полицијата соопштуваат дека поради високото ниво на реката мала е веројатноста дека има преживеани во бродската несреќа.
Во оваа земја која поради тропската клима е богата со големи шумски пространства и многу реки и езера, тешко се наоѓаат патишта освен во големите градови.
Народот како превозни патишта ги користи реките и езерата во басенот на Конго, но старите и запоставени бродови и чамци секогаш се претоварени со поголем број патници од дозволениот број, што е причина за чести несреќи со смртни последици.