Прекршуваат полициски час, се снимаат и потоа бараат да ги ослободат -критикуваат новинари Албанци – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/20 9:55 PM

Прекршуваат полициски час, се снимаат и потоа бараат да ги ослободат -критикуваат новинари Албанци

Синоќешниот протест во Ченто и настанот, што можеше лесно да ескалира, критички е дочекан од дел од новинарите, кои известуваат на албански јазик. Младиот новинар од Тетово, Ардит Рамадани, излезе со свој став:

„Го прекршил полицискиот час, самиот себе си се снима, се спротивставил на полициските наредби, на крајот излегуваат неколку граѓани и протестираат, го загрозуват нивното здравје и на семејество, ризикуват колапс на здравствениот систем и нормалното функсионирање на држава. Резултат на ова глупост? Нашата држава ги одлободи лицата што го прекршија полицискиот час. #НемаДржава!,“ напиша Рамадани.

Новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, кој е особено активен на Твитер, со видеа известуваше на мрежата од Ченто. Дел од твитерџиите го испровоцираа и прашаа зошто не се интересирал и не ги прашал приведените што правеле на улица во полициски час.