Автентичноста на Старата скопска чаршија ќе замине во историјата ?! – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/20 1:44 PM

Автентичноста на Старата скопска чаршија ќе замине во историјата ?!

Некогашната Стара скопска чаршија ќе добие нов изглед. Иако веќе одамна таму не постојат објектите кои беа  синоними за Чаршијата, или целосно се затвораат или се пренаменуваат.
Атмосферата во која некогаш уживавме, иако локалните власти тврдат дека автентичноста на чаршијата ќе биде задржана сепак нема да биде иста.

Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу во својата изјава за медиумите рече дека почувствувал обврска да објасни по не знае и тој самиот кој пат дека всушност станува збор за работи во рамките на проектор „Промоција на туризмот во Стара скопска чаршија“. Овој прокет како што објасни тој санирање на оштетениот камен за кој потенцираше дека имаат добиено дозвола од надлежните институции.

„Нормално имаме добиено дозвола од сите надлежни институции меѓу кои и од Управата за заштита на културно наследство која исто така со нејзините работници врши надзор на целиот овој работен процес. Проектот е финансиран од Светската банка со гранд во висина од околу 600.000 евра. За содржината на проектот кој го започнавме во текот на декември 2019 година, како за динамиката и фазите на неговата реализација во континуитет ја имаме известено јавноста“, вели гардоначалникот Ганиу.

Според него овој проект на санација и зачувување на автентичниот изглед на Старата скопска чаршија предвидува поставување на камен со ист материјал како и претходниот во површина од 1800 метри квадратни. Дозволен според лабораториската анализа за исполнување на условите.

„Меѓу другото овој проект опфаќа, реставрација на 75 дуќани во чаршијата кои во минатато беа извршени адекватни интервенции од страна на сопствениците и други објекти и имаат деградирано културно наследство. Поставување натписи по објектите, тенди, виртуелизација на Стара скопска чаршија, апликација за идентификација и опис на спомениците во Чаршија, целосна сигнализација“, појаснува Ганиу.

Тој потенцираше дека во текот на работниот процес целта не е да се да се направи измена на автентичноста на структурата на Старата скопска чаршија. Потребата од имплементација на овој проект  произлегува од оштетувањето на улиците во чаршијата предизвикани од атмосферските влијанија, движењето на возилата за пренесување на стока, не адекватните интервенции при работните процеси  за враќање во провобитната состојба кои се вршеле со бетон и други материјали.

Ганиу вели дека камењата кои што ќе се извадат, се собирааат, складираа во магацин, не се продаваат и истите во следниот период ќе бидат класифицирани и ќе бидат употребени на улицата „Самарџиска“ во чаршијата.

Зелената партија ДОМ остро се спротивставува на градежните активности во Старата скопска чаршија. Во нивното соопштение до јавноста велат дека Чаршијата е културно историско јадро и симбол на градот Скопје и секоја интервенција влијае на нејзиниот изглед и автентичност. Неслучајно со Законот за Старата скопска чаршија од 2008 година, чаршијата е прогласена за културно наследство од особено значење и е под заштита на државата, стои во соопштението на ДОМ.

ДОМ бара надлежните институции, Управата за заштита на културното наследство, НУ Конзерваторски центар-Скопје и Општина Чаир детално да ја информираат јавноста за “Проектот за ревитализација на Старата скопска чаршија”. Дали промената на калдрмата и витрините е според законските прописи и правила за заштита на културно наследство и дали се планира автентична реконструкција според историски извори?

Дополнително, ДОМ смета дека во овој период на корона криза, трошењето на финансиски средства за ваква намена е непродуктивно и неодговорно.

Затоа, бараме градежните активности во чаршијата веднаш да запрат, а средствата да се пренаменат за справување со здравствените и социо-економските последици од пандемијата!