Нема веќе мамурлук во Лас Вегас, градот иако празен сеуште блеска – ММС
ММС

Објавено на: 04/14/20 11:40 AM

Нема веќе мамурлук во Лас Вегас, градот иако празен сеуште блеска

„Градот на гревот“ последниот месец дена апстинира.Корона вирусот ги затвори хотелите и казината, а илјадници луѓе останаа без работа.Сепак, постојат и исклучоци, пренесува РТС.рс

Миодраг Петровиќ, кој живее и работи во Вегас, за РТС.рс, вели дека е затворен потегот околу Вегас Стрип, во кој се наоѓаат главните казина.

„Најголемиот контраст се гледа навечер.Сите хотели се блескаво осветлени, ама никој освен вработените како обезбедување и полициски возила.Потполно е пусто.Јас прв пат тој дел од Вегас го видов таков,а во останатиот дел од градот каде живеам, претежно се куќи и животот се одвива нормално“, вели Петровиќ

Во другиот дел од градот животот се одвива нормално.Вегас има околу 2 милиона жители

„Во остатокот се живее релативно нормално, бидејќи таму и онака на улиците нема гужва, сите се движат со автомобили.Не се приметува голема промена, освен ако се движите таму каде некогаш имаше туристи“, рече Петровиќ.

Инаку, во Вегас се забранети поголеми собири, спортски манифестации и затворени се парковите.Донесени се и препораки да се носат маски и ракавици и да се излегува што помалку.Не се донесени ригорозни мерки, како на пример во Србија од причина заради што нема голема густина на населението, во глобала животот се одвива нормално.

Некои хотели во Вегас, сепак останаја отворени,ама остануваат со намален капацитет-затворени се рестораните, баровите, базените.

Еден од хотелите исто така нуди сместување за жителите на Вегас за 39 долари по ноќевања, со бесплатно шише вино.

Гувернерот на Невада, во средината на март нареди да се затворат сите казина, што најмногу го погоди Лас Вегас, најгусто населен град во оваа сојузна американска држава.

Во Невада досега е регистриран 2.971 случај на Ковид 19, а битката ја загубија 120 луѓе.Во Лас Вегас има најмногу жртви.

извор:РТС.рс