Косата која е сува и без сјај, губи на густина и волуме, лесно пука е показател дека косата старее и способностите за ревитализација и се намалуваат. Покрај штетните агенси од надворешноста средина и токсичноста на организмот нашата коса старее бргу и поради инвазивните третмани како што е сушење со фен, бојадисување или бланж. Но, искристите неколку тактики за да ги намалите лошите ефекти за вашата коса и да го спречите нејзиното предвремено стареење.
Заштита од топлина
Фен е еден од најголемите непријатели на косата – од неа ја извлекува влажноста, ја суши, па косата станува кршлива и помалку сјајна. Она што можете да го направите за да го спречите тоа да користите препарати кои ја штитат косата од толина. Препарати од овој тип треба во себе да содржат витамин А и Ц, кои на косата и ја надокнадуваат хидратацијата. Обично се нанесуваат после миење, на мокра коса низ целата должина а посебно на краевите, кои се најизложени на оштетување.
Заштита на кожата на главата и коренот
Кожата на глава и коренот на косата се многу важни и ако не им обезбедите соодветна заштита, целата коса ќе изгледа лошо. Важно е кожата на главата повремено темелно да ја чистите од нечистотија а тоа може да го направите со раствор од лимон и млака вода или со раствор од сода бикарбона, кој ќе обезбеди правилен и здрав раст на косата. Користите благи и природни шампони, без парабен, но со пантенол, кој ја смирува а содржи и витамин Е, кој го обновува оштетувањето. Еднаш неделно третирајте ја косата со маска на база на кокосово масло, кое ќе ја нахрани и ке и даде сјај.
Негувајте ги краевите
Краевите се најизложенииот дел од нашата коса и најчесто први страдаат. Многу е важно да ги кратите на секои два до три месеци, така побрзо се опоравува. По секое сушење користете масло, специјално наменето за краевите на косата. Тоа нема да ви ја измрси, туку ќе и даде заштита и поздрав изглед.
Врзувајте ја додека спиете
Кога ќе тргнете во кревет косата врзете ја во опуштено опавче, на тој начин ќе спречите да се крши и мрси во текот на спиењето. Опавчето мора да биде опуштено и не смее да се затекнува од ниедна страна, бидејки така ќе му штети на коренот.
Извор и фото: kurir.rs