Забраната за движење не ја почитувале 172 лица во изминатото деноноќие – ММС
ММС

Објавено на: 04/13/20 9:31 AM

Забраната за движење не ја почитувале 172 лица во изминатото деноноќие

Забраната за движење во изминатото деноноќие (12-13 април) на целата територија на државата не ја почитувале 172 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од нив, приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Како што соопшти МВР, нови решенија за изолација не се издадени, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација.

Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација при што нема евидентирани кои не ги почитувале мерките.

MИА