Сликата на фотографот Зоран Милиќ на која е брачна двојка во поодминати години како со заштитни маски ора нива со ѕевгар волови во атарот на српско село кај Пирот вчера била објавена како фотографија на денот во повеќе светски медиуми.
Таква е реалноста. Многу српски, а и балкански села испустеа зашто младите ги напуштија, па старите и во вакви времиња на епидемии се борат за опстанок, пишуваат српки медиуми.


