Рачно пишаниот текст за песната ” Hey Jude” на легендарните “Битлси” е продаден на аукција, која пред два дена ја одржа куќата ” Julien’s Auctions” . Новиот сопственик за овој текст издвои дури 910.000 долара, односно девет пати повеќе отколку што порано се прогнозираше. Експертот за музика Џејсон Воткинс рекол дека пишаните белешки се на Пол Мекартни и се насока за снимање во студио во 1968. године, пренесува Си-Би-Ес.
“Ова очигледно е легендарната песна која сите ја знаат. Овој рачно пишан текст е користен во студио како насока додека се снимало”, рекол Воткинс.
Аукцијата поради коронавирусот е одржана на интернет, а текстот е еден од 250 предмети понудени на продажба. Одржана е токму сега за да се одбележат 50 години од распаѓањето на “Битлси”.
Цртежот на Џон Ленона и Јоко Оно наречен ” Bagism” е продаден за 93.750 долари, додека пепељарата на Ринго Стар за 32.500 долари. Текстот на песната „ While My Guitar Gently Weeps“, која ја потпишуваат членовите на бендот Џорџ Харисон и Ринго Стар, е продаден за 195.000 долари.
Фото: cosmicmagazine.com.au