Како да ги избелите јајцата за да бидат совршени за бојадисување и украсување за Велигден – ММС
ММС

Објавено на: 04/12/20 9:00 AM

Како да ги избелите јајцата за да бидат совршени за бојадисување и украсување за Велигден

Докажано е дека белите јајца подобро се бојадисуваат од жолтеникавите.  Но, можете и нив да ги избелите, ако во продавница не сте успеале да купите. Дознајте  како од обични јајца да направите бели и совршено да ги бојадисате за Велигден. Особено првите три кои по традиција се бојадисуваат исклучиво во црвена боја во четврток во рани зори.

Потребно е: 1 чаша алкохолен оцет, 1 чаша вода, јајца

Прелијте ги јајцата со водата и оцедот и ставете ги да се варат на умерена температура. Кога водата ќе почне да врие, намалете ја температурата на најслабо а доколку е потребно тргнете ја пената.  Оставете јајцата да се варат уште 10 минути. После 10 минути варење изладете ги со студена вода. Потоа се подготвени за бојадисуваше и украсување.

Извор: srbijadanas.com