Макрадули: Состојбата со коронавирусот не учи да не си играме со животната средина (ВИДЕО) – ММС
ММС

Објавено на: 04/11/20 1:38 PM

Макрадули: Состојбата со коронавирусот не учи да не си играме со животната средина (ВИДЕО)

„Државниот инспекторат за животна средина има инспектори кои се обучуваат заедно со ЕУПОЛ и тие имаат врз база на своите ингеренции што ги имаат ги покриваат инсталациите, општинските инспектори се тренираат за нешто друго и затоа не е бегање од одговорноста, но граѓаните бараат решение. Затоа велам дека ни фали една жичка на комплементарност и акција, а не паралелизам“, изјави заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули при гостувањето во емисијата „Стадион“ на Канал 77, на тема „Дали самостојноста на инспекторите може да биде злоупотребена, да доведе до корупција и да заврши на суд?!“.

Во март кога биле планирани 185 инспекциски надзори, без разлика на ситуацијата и со вонредната состојба  90% од надзорите биле завршени, вели Макрадули. На негова и иницијатива на министертсвото добиле дозволи и во рамки на полициксиот час да работат инспекторите. Активностите не престануваат и се во функција на дежурства, пасивно дежурство, а тоа значи кога ќе се повикаат веднаш ќе се реагира и веднаш се реагирало, вели заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули.

Во овој момент невладините организации помагаат, затоа што со подигната транспарентност и јавност, веќе никој не може да каже за животната средина дека е на маргините, напротив е високо позиционирана, вели Макрадули. Обаснува дека почетокот на преговорите со ЕУ ќе биде покорисен за нас, но критична е дека дебата во ЕУ дека со парите наменети за решавање на пандемијата да не се изгуби иневестицискот циклус во решавање на климатските промени и животната средина.

„И затоа ќе биде предизвик и за нас како Влада да ги мобилизираме и законски 24 часовно да ги обврземе инспекторите  но и да ги разграничиме одговорностите од аспект на комплементарност, а не од бегање на одговорноста“, изјави Макрадули во „Стадион“ на Канал 77.

По завршувањето на корона кризата, парите кои се наменети за животната средина, ќе биде ризик дека ќе бидат пренаменети, за економски цели. Рестартирањето на индустриските капацитети нема да бидат во корист на животната средина.

„Цената на фосилните горива е многу ефтина сега. Полскиот премиер вели дека вложувањата во климатските промени, сега ќе биде луксуз, парите треба да се дадат за пандемијата од Ковид 19. Ни покажа практично карантинот за намалувањето на некои емисии и нема поинаков правец да зафати светот со справувањето со климатксите промени освен овој карантин правец кој што постои во овој момент бидејќи очигледно дава резултати“, изјави Макрадули.