Тепачки во Неготино и Возарци, малолетник од мал групен дом побегнал – ММС
ММС

Објавено на: 04/10/20 11:09 AM

Тепачки во Неготино и Возарци, малолетник од мал групен дом побегнал

Девет годишниот Р.А згрижен во Мал групен дом за деца во социјален ризик во Кавадарци,  од вчера побегнал од установата. Полицијата работи на пронаоѓање на овој малолетник кој во повеќе наврати се самоодалечувал и повторно бил враќан назад.

Двајца неготинци пак,  вчера по претходна расправија се степале, информираат од полицијата, а физичка пресметка имало и во селото Возарци.

„Вчера во  СВР Велес било пријавено дека во 16.40 часот во двор од куќа на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Неготино, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу  Љ.Ј.(68) и Б.Ј.(61) од Неготино. Исто така вчера во 21.00 часот пред нивната куќа во с.Возарци, кавадаречко, настанала физичка пресметка помеѓу Р.А.(22) и Ј.А.(18) од с.Возарци“ информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Ангел Данов