Времето денеска, според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево со максимална температура до 25 степени. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер кој ќе засилува на североистокот и во долниот тек на Повардарието.
Од утре следува период со повремено зголемена облачност. Услови за слаб дожд ќе има во недела претежно на југоистокот, а потоа и во вторник кога ќе биде посвежо.