Ако умрам, погребете ме во еден од овие 12 невестински фустани, изјавила разочарано актерката – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/20 9:51 PM

Ако умрам, погребете ме во еден од овие 12 невестински фустани, изјавила разочарано актерката

Познатата ѕвезда од филмовите за возрасни Миа Калифа откако е во самоизолација постојано е активна на социјалните мрежи. Иако друштво и прават нејзиниот свршеник Роберт Сандберг  и домашните миленици, сепак, таа е многу нервозна. Причината е нивната свадба.

Миа и Роберт  го закажале венчавањето во јуни, кое поради состојбата со коронавирусот најверојатно ќе го откажат. Таа има раскажа на своите следбеници дека се било подготвено и дека за свадбата купила дури 12 венчални фустани. Но, разочарана таа им се обрати на обожавателите:

-Погребете ме баем со еден од моите 12 венчални фустани, напишала таа.

По некое време се смирила па почнала да постира клипови на кои го покажала свршеникот, а потоа и своите стрии за кои рекла дека е многу горда на нив.