Откако почна корона лудилот на социјалните мрежи кружат фотографии на „заштитни маски“ против Ковид-19, кои се направени исклучиво за бебиња. Но, дали е добро смислена идејата така што цуцлата е заштитена со материјал кој го покрива носот и устата? Секако дека не. Стручњаците предупредуваат вакви работи да не се нарачуваат преку интернет, а најмалку, пак, да ги користат деца, бидејки последиците може да бидат кобни.
Опасни маски за вашето бебе, внимавајте
“Од се срце ве молиме да не ставате вакви маски на доенчиња или мали деца кои не се доволно моторички подготвени да можат сами без проблем да ја извадат маската. Ваквите идеи, како што е сликата може да го успијат детето поради вдишување на јаглероден диоксид, а тоа може да доведе до смрт.
Немојте за бебиња да изработувате, нарачувате, препорачувате, користите, напишале на својата Фејсбук страна „Цијеплјенје / Вакцинација“, познати како граѓанска иницијатива која дели проверени информации, втемелени на научни истражувања.
Фото: eadaily.com/