Жена на 101 година избегала од дом за стари и немоќни лица за да ја посети ќерка си и да и’ го честита роденденот, соопшти полицијата во германскиот град Брунсвик.
Бабичката од старскиот дом избегала ноќе на излезот за вонредни околности на домот. Полицајците ја нашле како го бара домот на ќерка си на периферијата на градот. Бабичката ги излажала дека живее со ќерка си. Но, кога ја однеле дома, ќерката им кажала на полицајците дека незината мајка од пред две недели е преселена во старскиот дом.
Бабичката рекла дека и’ е тешко да живее без ќерката. Откако и’ го честитала роденденот, полицајците ноќта 101-годишната жена ја вратиле во домот.


