Возачот на „камионот на смртта“, во кој починаа 39 виетнамски мигранти, призна вина – ММС
ММС

Објавено на: 04/9/20 7:06 AM

Возачот на „камионот на смртта“, во кој починаа 39 виетнамски мигранти, призна вина

Морис Робинсон (25) од Северна Ирска, призна вина во лондонскиот Кривичен суд во видео-изјава. Тој е возачот на камион обвинет за смртта на 39 виетнамски мигранти, чии тела беа пронајдени на 23 октомври минатата година во градот Грејс, источно од Лондон.

Жртвите од Виетнам биле на возраст од 15 до 44 години, а, според досегашната истрага, 31 маж и осум жени им платиле на криумчари за илегален влез во Британија.

Полицијата соопшти дека мигрантите за време на повеќечасовниот транспорт починале од недостаток на кислород и прегревање во тесен затворен товарен простор на камионот.

Вториот обвинет, Џорџ Ник (43) ги негираше сите 39 точки од обвинението за убиство.

Романскиот државјанин Александар Овидиу (27) исто така го негираше обвинението за помош во илегална мигранција, као и Кристофер Кенеди од Северна Ирска, кој претходно негираше дека помагал на криумчари на мигранти.