Склопија брак, па се бакнаа преку маски- во матичното тивко, без тапани и зурли – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/20 8:53 PM

Склопија брак, па се бакнаа преку маски- во матичното тивко, без тапани и зурли

Иако ова е период на пости, кога вообичаено од Прочка до Велигден се намалени свадбените веселби, сепак, мерките кои стапија на сила за да го спречат ширењето на коронавирусот ги спречија и младоженците да уживаат највеселиот ден. Свадбите се одложуваат, но  регистрациите во матично се одвиваат под посебни услови.

И покрај пандемијата и почетокот на полицискиот час ,три млади брачни пара денес се одлучија да кажат- да на љубовта. За првиот пар ова беше круна на нивната љубов, и ниту во еден миг не се поколебаа да го одложат чинот. Тука беа и најблиските, кои отстрана чекаа да заврши чинот во канцеларијата на управата за матични работи, за да им честитаат на најмилите. Свадбата ја одложи и вториот брачен пар, за некои поубави времиња, но сепак денес и тие го склопија граѓанскиот брак.

Пандемијата оваа година го намали бројот на парови кои сакаат и покрај ригорозните услови да стават потпис на својот брак, вели Лидија Стојановска, матичар кои 27 години ја работи оваа работа но вакво нешто не памети.

Извор: 24 вести