Пред да го одработи првиот тренинг со Вардар, Борко Ристовски на дружба со новинарите, отворено зборуваше за неговото враќање во Вардар. Искусниот македонски репрезентативен голман, искрено сака да му помогне на македонскиот првак одново да биде на врвот во Европа. Верувам дека Вардар ќе ги преброди тешките денови и ќе биде голем тим.
„Со Бенфика имав договор, но решив да се вратам во Вардар, кој се наоѓа во тешка ситуација. Сакам да помогнам со моето искуство. Вардар не го заслужува ова што му се случува, верувам дека има иднина, верувам дека одново ќе биде голем тим“, рече Борко за „Бекстејџ“.
Во Македонија фановите се поделени, дел и натаму му симнуваат капа за сите настапи во дресот на Македонија и неверојатните партии, дел помодерно кажано го „хејтаат“, често го поврзуваат со политика. Но, Борко долго време е професионалец, па не им дава значење.
Борко со Данило Брестовац
„Искрено, не ги читам коментарите, не ме интересира. Понекогаш пријателите ми праќаат пораки. Не реагирам, јас сум 15 години професионалец, го живеам овој живот, ми фали само трофејот во Лигата на шампионите. Во светот има луѓе кои те сакаат повеќе или помалку, јас така гледам на сето ова“.
За неуспехот на последното Европско првенство и оние критики кон помладите ракометари тој рече:
„Не велам дека е добро обвинуваш некого. Мислам дека коцките се поклопија многу лошо во Виена, Европското првенство не го завршивме како што очекувавме. Младите, односно помладите играчи мора да научат дека играњето за репрезентација е чест, огромна одговорност. Македонија е спортска држава, мора да научат да живеат со пофалбите и со критиките. Ниту една победа ќе однесе некаде далеку, ниту еден пораз ќе не однесе однесе на дното. Сите заедно, играчите и спортските фанови мораме да најдеме баланс“.
Ако се прашува Ристовски, селекторот Данило Брестовац треба да продолжи да ја извршува оваа функција. Тој верувам дека пред Брестовац е блескава иднина.
Текст: sportmedia.mk
Фото: Инстаграм