Не се срамете од недостатоците, сакајте се себеси, априлска убавица на „Плејбој“ со вештачки колк – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/20 10:00 PM

Не се срамете од недостатоците, сакајте се себеси, априлска убавица на „Плејбој“ со вештачки колк

Американското списание „Плејбој“ за Плејмејт за модел за  април ја одбра убавицата Марша Ел а нејзините фотографии ја возбудија јавноста. Оваа црномуреста убавица  и пејачка ги привлече сите бидејки е со една ампутирана нога.  Таа  е родена со ретко пореметување на недостаток на бутната коска, па поради тоа  и е ампутирана целата нога.

-Кога ме прашаа да бидам Плејмејт за парил јас не престанав да плачам. Никогаш во милион години  немаше да помислам дека ќе бидам Плејмент.  Светот станува се повеќе инклузивен и инспиративно е да се знае дека можам да помогнам, стои на Инстаграм.

Во нејзината биографија пишува дека животот воопшто не и бил лесен, но  и покрај се Марша успеала да се избори и со себе и со околината.  Нејзината најголема љубов е музиката, пее и вели дека Бог и го спасил животот преку неа.

На Инстаграм има повеќе од 50 илјади следбеници, отворено покажува како изгледа  и на сите им порачува да не се срамат од недостатоците, туку да се сакаат себеси.