Нов случај на заразен од Ковид-19 во Кочани, 63 лица во самоизолација – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/20 6:50 PM

Нов случај на заразен од Ковид-19 во Кочани, 63 лица во самоизолација

Уште еден нов случај на заболен од коронавирус е евидентиран на подрачјето на Кочани,  па вкупниот број лица во изминативе седум дена е 18.

Полициските служби од Одделението за внатрешни работи вршат здравствен надзор над 63 лица во самоизолација, од кои 9 во Зрновци, 20 во Чешиново-Облешево и 34 коишто се во самоизолација во Кочани.

Територијалната противпожарна единица – Кочани денеска изврши дезинфекција на зградата на Општина Чешиново-Облешево, која од утрово не работи поради самоизолација на вработените како мерка за спречување на ширење на заразата од коронавирусот.

Службите на Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ ги дезинфицираа и главните улици во населените места од Чешиново-Облешево.