Северна Кореја и Туркменистан, најголемите од последните десетина земји во светот што уште на нивна територија немаат регистрирано болни од Ковид-19, и понатами тврдат дека немаат ниту еден заразан жител со коронавирусот. Во Туркменистан вчера имало и масовна прослава на Светскиот ден на здравјето, но никој не го споменал коронавирусот.
Од СЗО велат дека добиват „неделни извештаи“ од Министерството за здравство на Северна Кореја, имало тестирања, но не и регистрирани заболени.
Многумина се сомневаат, уште повеќе што Северна Кореја граничи со Кина, Туркменистан со Иран, а во овие земји и порано, како во Турмеистан, „немало“ шуга, ХИВ…


