Изминатото деноноќие 35 лица не го почитувале полицискиот час – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/20 9:32 AM

Изминатото деноноќие 35 лица не го почитувале полицискиот час

Во тек на изминатите 24 часа  на ниво на целата држава 35 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 19 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, велат од МВР.

Исто така според статистичките податоци на 67 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација. При извршените контроли од страна на полициските службеници евидентирани се 2 (две) лица кои не ја почитувале мерката за самоизолација.