Врз основа на државните мерки, градските власти во Панчево ги забранија сите пазари во градот. Некои трговци веќе се приспособија на условите и продолжија да продаваат покрај главниот градски „зелен“ пазар.
Месарницата „Ѓеро“, се чини најде најоригинален начин. Нејзиниот објект во кругот на пазарот бил затворен, но затоа таа во „месарница на тркала“ (преуреден ладилник за транспорт на месо) од саботата продава покрај влезот на пазарот. Нејзиниот сопственик за „Танјуг“ вели дека „месарницата на тркала“ ги исполнувала мерките за таков вид продажба. Дали така ќе мислат и надлежните органи, прашуваат некои српски медиуми.