Црна Гора: Уапсен вработен во здравството – „споделил“ список на заболени од Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 04/8/20 8:28 AM

Црна Гора: Уапсен вработен во здравството – „споделил“ список на заболени од Ковид-19

Црногорската полиција го уапсила М.Р., службеник во здравствен дом во Подгорица, поради сомнение дека извршил кривично дело – неовластено собирање и користење лични податоци.

Тој бил задолжен за податоците на заразените од Ковид-19, а преку апликацијата Вибер ги препратил податоците до колеги, а потоа осамнале и на социјалните мрежи.

Тој е приведен и ќе биде предаден на сослушување во джДржавното јавно обвинителство.