Ако Kовид -19 не опстојува во алкална средина, јадете што повеќе алкална храна, непреработена над 40 степени, значи што повеќе свежа храна, советува нутриционистот Цвета Динева. – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/20 8:38 AM

Ако Kовид -19 не опстојува во алкална средина, јадете што повеќе алкална храна, непреработена над 40 степени, значи што повеќе свежа храна, советува нутриционистот Цвета Динева.

Што да јадеме и како да се храниме за да не ја зголемиме тежината во време на самоизолација кога најголемата физичка работа ни е отворање и затворање на фрижидерот. Која е храната што ќе ни го зајакне имунитетот и ќе не спаси од вируси? На овие прашања, ко не мачат сите, се обидовме да одговриме со помош на нутриционистот Цвета Динева, која вели дека, не треба да се храниме така само во вонредни ситуации, туку квалитетната храна треба да биде секојдневно дел од нашите трпези.

Кои се советите за здрава исхрана во самоизолација? На што треба најмногу да се обрне внимание?

-Како секогаш што советувам , храната во секојдневието треба да биде што е можно повеќе домашно приготвена, и што повеќе посна храна. Кога имаме секојдневно месо, сувомеснати, паштети, сирења, и други храни од анимално потекло,организмот едвај ја преработува оваа храна и сета енергија на телото ја троши желудникот за да ја свари оваа храна. Да се одбегнат и сите преработени храни со емулгатори(кекси, чипсови, смоки, наполитанки, и слично) кои дополнително го загрозуваат ензимниот статус на нашето тело,односно ни го закиселуваат ПХ во телото, ја краде енергијата на телото. Сега слушаме дека Kовид -19 не опстојува во алкална средина. Значи што повеќе алкална храна. Алкално е само  она што е непреработено над 40степени целзиусови. Значи што повеќе свежа храна.

Што е потребно да се јаде за да не се зголеми тежината? Ова прашање ги мачи сите во самоизолација, бидејки се жалат дека на нервна база многу јадат и се плашат да не се здебелат.

-Денот да се почне со вода или цеден сок, свежо овошје, неколку урми, суво грозје или друго суво овошје, неколку јатки или леблебија,и вода, вода, вода до 12часот. Да се хидрира телото, а со овошјето да снабдиме многу витамини, ензими, минерали, да се алкализираме.Кој јаде доволно овошје предпладне, тогаш попладне нема многу кризи за благо.Грицкајте мешавина од суво овошје и јатки и пуканки  домашно направени, кикирики домашно испечени,направете бомбици на база суво овошје и јатки, грицкајте по некој морков,трупки и направете цедени сокови, чаеви..еве сепак нешто што ќе ја стиши гладта.Направете си крекери од 4 вида семиња(по 125гр семки тиква, сончоглед, сусам, чиа семе), 250мл вода , едно мало лажиче сол.Ставете на хартија за печење и печете 35мин, и уште 30мин од другата страна.И овие грицки ја ви ја стишаат гладта.

Што треба да се јаде или пие за да се зајакне имунитетот? Ова прашање важи особено во оваа состојба на пандемија од Корона вирус,  за која велат  дека ги напаѓа луѓето со слаб имунитет.

Денот да се почне со вода или цеден сок, свежо овошје, неколку урми, суво грозје или друго суво овошје, неколку јатки или леблебија,и вода, вода, вода до 12часот 

-Најважно за зголемување на имунитетот е да ја одбегнуваме храната која ни ја краде енергијата, а тоа веќе го образложив предходно.Треба да се внесат и дополнувања кон исхраната како млада зелена пченична трева(во прав), спирулина, хлорела, природни суплементи на база на сибирска пчела кои се препорачуваат и кај дечиња од една година, јајца од препелица. Во варивата и во салатите да се додава по една супена лажица хељда и просо, на крај, ѓумбир, куркума, бибер. Да се цеди лимон во салатите,па дури и на секоја чинија варива или било која храна што ја конзумираме.

Без оглед на состојбата на самоизолација, кога луѓето не се во состојба да вежбаат или трчаат, доаѓа пролет, времето се затоплува, алергиите напаѓаат а овошјето и зеленчукот (како што се патлиџани, пиперки, краставици) се без мирис. Кој е вашиот совет, да причекаат со конзумирање на пролетното овошје и зеленчук и  се уште да користат сезонско или како…?

– И во оваа сезона имаме доволно овошје и зеленчук кои ни даруваат здравје.  Јаболки, киви, круши, банани, портокали, мандарини, лимони.., а од зеленчукот за салати- пролетна зелка, рендано морков, цвекло, трупки, рукола, млад  кромид, лук, сецкан праз со маслинки е одлична салата…

Дајте ни неколку совети, односно рецепти за домашно приготвување на здрав сок, супа,  комбинација за смути… кои би значеле витаминска бомба за организмот.

-Ќе дадам неколку предлога:

Напиток -1

1-2 цедени лимони, едно мало лажиче Ц витамин во прав(го има во аптеки и во маркети), па се додава пола лажиче сода бикарбона (да се внимава да се прави во длабока цедилка).Се додава една супена лажица ленено масло, и по третина лажиче куркума, ѓумбир, бибер и 200мл вода. За деца може да се додаде портокал.

Напиток-2.

Еден цеден лимон, едно мало лажиче млада зелена трева или спирулина или хлорела ,во 250мл вода.

Напиток -3

Чај од 3 варени кромиди во лушпа во 2литри  вода, сето тоа да врие дури да стаса до еден литар. Се цеди и се додава цеден лимон и по третина лажиче куркума, ѓумбир и бибер. Овој чај да се пие преку цел ден.

Совет:

-Да се инхалирате над тенџере со еден литар вода со 2 супени лажици морска сол, и 2 кесички чај камилица(посебно ако сте вработени во амбуланти, болници и слично)

-Капнете по 5 капки 3% хидроген во секоја чаша вода

-Направете капки за нос од -50мл превриена вода со една супена лажица хидроген3%, капнувајте по 2капки во секоја ноздрва. Може два пати на ден.

Најважно од се е да се задржи добрата енергија не само на телото туку и на умот. Со позитивна енергија ќе си помогнеме и себе си , но и на сите околу нас.

Фото: pharmanews.mk/