Денеска е Светски ден на здравјето – поддршка на медицинските сестри и акушерки – ММС
ММС

Објавено на: 04/7/20 7:09 AM

Денеска е Светски ден на здравјето – поддршка на медицинските сестри и акушерки

 Медицинските сестри и акушерки имаат важна улога во одржувањето на здравјето на населението во светот, стои во пораката на Светската здравствена организација по повод 7 април, Светски ден на здравјето, чие мото годинава е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки”.

– Медицинските сестри и другите здравствени работници се во првите редови во справувањето со коронавирусот и во обезбедувањето третман и грижа за пациентите. Светскиот ден на здравјето ќе го потенцира сегашниот статус на медицинските сестри низ целиот свет. Светската здравствена организација и нејзините партнери ќе дадат серија препораки за подобрување на нивните услови за работа, стои во пораката на СЗО.

Унијата на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас” им го честита 7 април -Денот на здравјето на сите здравствени работници во земјава и ја нуди својата помош онаму каде што е потребна во услови кога државата се соочува со коронавирусот.

– Во овие несекојдневни моменти кога хуманоста, несебичноста и пожртвуваноста на медицинскиот персонал е на највисоко ниво, сакаме да изразиме огромна балгодарност до персоналот на Инфективната клиника во Скопје, Одделите за инфективни болести во Куманово, Дебар… ЈЗУ ГОБ 8 Септември – Скопје и секаде каде медицинските сестри се во првите борбени редови против коронавирусот. Во името на Унијата и здружението „За нас” сакаме да упатиме поддршка и помош секаде каде е потребна, на нзчин на којшто сите вие може да ни се посветувате. Ве замолуваме да не контактирате за се она за кое сметате дека можеме да помогнеме, се вели во обраќањето до јавноста.

Годинашното мото на Светскиот ден на здравјето е „Поддршка на медицинските сестри и акушерки”. Во светот медицинските сестри и акушерки чинат 50 проценти од вкупниот број на здравствени работници. Од вкупно 43,5 милиони здравствени работници, се проценува дека 20,7 милиони се медицински сестри и акушерки. Во земјава околу 7.500 медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри се дел од здравствениот персонал