Дијагностицирање и лекување од коронавирусот на товар на ФЗО и за осигуреници со нередовно уплаќан придонес – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/20 7:18 PM

Дијагностицирање и лекување од коронавирусот на товар на ФЗО и за осигуреници со нередовно уплаќан придонес

На осигурениците на кои им се ускратени правата од задолжителното здравствено осигурување поради нередовно уплаќан придонес или уплатата на придонесот задоцнила повеќе од 60 дена, односно имаат долг за неплатен придонес, можат во здравствените установи да користат здравствени услуги поврзани со дијагностицирање и лекување од коронавирусот КОВИД-19 на товар на средствата на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Ова е Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствено осигурување за време на вонредна состојба што ја донесе Владата на денешната 36-та седница.

Уредба за лекување од КОВИД-19 на товар на Фондот, се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се однесува и на државјаните на Република Северна Македонија кои не се задолжително здравствено осигурани по ниту еден основ.

 

МИА