Во Швајцарија недостиг на алкохол и средства за дезинфекција – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/20 5:00 PM

Во Швајцарија недостиг на алкохол и средства за дезинфекција

Швајцарија се соочува со недостиг на алкохол и средства за дезинфекција направени на негова основа, пренесува Reuters.

За потсетување, пред две години оваа земја ја укина праксата за правење залихи на алкохол за можни вонредни состојби.

Швајцарија чува разни суровини и производи за можни вонредни состојби, а меѓу нив долго се наоѓаше и алкохолот. Меѓутоа, во 2018 година оваа земја ја прекина праксата за правење залихи на 10.000 тони алкохол, како би го приватизирала пазарот на овие производи во земјата.

Оваа одлука придонела за сегашниот недостиг на средства за дезинфекција во Швајцарија кои луѓето ги купуваа во големи количини правејќи залихи. Таквата ситуација е потик за дестилериите, винарии, па дури и пиварите да се вклучат во производството на алкохол.

Некои швајцарски политичари изразија незадоволство по повод укинувањето на практиката за правење залихи на алкохол и истакнаа дека ова прашање мора веднаш да биде решено откако ќе помине кризата предизвикана од коронавирусот.

Извор: denar.mk