Компирот е најмногу консумиран зеленчук во САД, но често има лоша репутација. Повеќето го јадат во форма на пржени компирчиња или чипс, па многумина го сметаат за нездрава храна. Но, тоа не мора да биде така.
Конзумирање на еден компир со средна големина на ден може да биде дел од здравата исхрана и не го зголемува кардиометаболичкиот ризик, односно веројатноста за заболување од дијабетес, срцеви заболувања или мозочен удар. Но, тоа правило вреди само ако компирите се варат или се печат во рерна и се готват без додавање премногу сол или заситени масти, покажало истражувањето на нутриционистите од државниот универзитет во Пенсилванија.
Исто така, конзумирањето на вакви компири доведува и до поголем внес на калиум и растителни влакна во споредба со јадењето рафинирани житарки, како бел ориз, бел леб или тестенини, истакнуваат истражувачите. Поточно, тие го проучувале ефектот на секојдневното јадење компири во споредба со внесување на ист број калории преку преработените житни култури, а резултатите од оваа студија се објавени минатиот месец во британскиот магазин Nutrition.
„Не сакаме луѓето да не се осудат да јадат компири, но сакаме да бидеме сигурни дека го јадат на здрав начин во контролирана големина на порцијата“, истакна Емили Џонстон, коавтор на студијата и студент на одделот за прехранбени науки на Пен Стејт, во интервју за Today.
Извор: denar.mk