Германија: Не доближувај се, човече – кој не држи растојание ќе плати 500 евра – ММС
ММС

Објавено на: 04/6/20 10:34 AM

Германија: Не доближувај се, човече – кој не држи растојание ќе плати 500 евра

Германците ќе бидат казнувани со по 500 евра доколку стојат преблиску еден до друг на јавно место. Тоа е една од предвдените нови мерки против ширењето на коронавирусот во таа земја.

Дистанцата од еден до друг во време на епидемијата треба да биде најмалку 1,5 метар, најавија властите, пишува „Дејли меил“, а пренесува „Мондо“.