Пејачот Боби Павловски го издаде новиот сингл „Заблуда“, емотивна балада, која беше промовирана пред неколку дена. Станува збор за песна, зад која како автор е запишан Еди Рамчевиќ , односно негово комплетно дело и со кого ова не е прва соработка. Видеото го направи тимот на „Tropical lifeisfun“, една од најбараните продукции во соседството. Кадрите во видеото, кое носи емотивна приказна, како и самата песна, се снимени на повеќе локации низ Белград, а во него покрај Боби се појавуваат момче и девојка кои се носители на сценариото.
-Песната е долго работена и не сакав да ја чувам за некои подобри времиња, туку сакам со неа барем малку да придонесам за разбивање на монотонијата. Се надевам дека ќе уживате во мојата нова песна и дека ќе ви помогне барем малку да заборавите на мрачното секојдневие и на црните вест кои секојдневно стигнуваат до нас. Да останеме заедно во овие тешки денови со желби да сме живи и здрави и наскоро во живо да ја запееме „Заблуда“, вели Боби.
Оваа песна е четврта снимена на српски јазик , по „Метар дана“, „Тамо негде“ и „Самица“.