Пратеникот Антонио Милошоски стана татко по петти пат. Тој денес го доби синот Филип, а радосната вест ја сподели на Твитер.
-Животот е уште повреден со бебешкиот плач на новородениот Филип Милошоски, ангелче од 2.290 грама. А храбрата мајка Симона се чувствува добро. Благовеста за најмалото братче на Дариа, Михаела, Илин и Давид не огреа како сонце во овие тешки времиња, напиша тој, споделувајки слика од рачињата на бебето.