#Седидома: Отворете очи за нештата пред кои сте стоеле замижани, вели актерката Весна Бејби Петрушевска – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/20 1:00 PM

#Седидома: Отворете очи за нештата пред кои сте стоеле замижани, вели актерката Весна Бејби Петрушевска

Актерката Весна Бејби Петрушевска вели дека ниту и е чудно, ниту,пак, страшно седењето дома. Освен тоа, седењето дома го користи и за мотивација на дечињата од нејзината актерска школа. Што значи, место да бидете замижани, појдете на корзо низ интернет и ќе најдете многу нешта за да си ги отворите очите.

По цели денови со учениците од  мојата актерската школа онлајн, имаме проби ,учиме текстови.

-Мене оваа изолација ми е рутина,јас сум во изолација цело време со години. Не ми е зачудувачки да седиш сам со себе и да научиш за нештата околу тебе, да ги забележуваш работите пред кои си стоел замижано. Во овие кризни времиња велат треба учител и доктор. Јас сум по цели денови со моите ученици од  мојата актерската школа онлајн и имаме проби ,учиме текстови. А ако разгледате по интернетот, по тоа корзо, ќе забележите дека овие деца со извонредна верба пласираат текстови во самоизолација и порачуваат да се седи дома. На Фејсбук страната и Инстаграм профилот може да видите колку е значајно во ова време невреме да мотивирате и да инспирирате деца. Истите тие деца да го најдат својот занес и сон во текст од светски драмски писатели. Неверојатно чувство… Волшебно. Читајте книга која одамна сте ја заборавиле. Нетфликсот е обврзен, но книгата е бесмртен пријател, вели Весна.

Еве како таа ги мотивира најмладите..

https://www.instagram.com/p/B-T6ARRH1UT/?igshid=4amo2n90e2po&fbclid=IwAR06N7Z30yK-Z7y2lQgvFD5SmUPcJPDslIEvDOeYkTLKApRhbEZNL2gQpYk