Добро утро! Не го почнувајте денот без овој волшебен сок, здравјето ќе ви заблагодари – ММС
ММС

Објавено на: 08/26/20 8:00 AM

Добро утро! Не го почнувајте денот без овој волшебен сок, здравјето ќе ви заблагодари

Станува збор за сок кој се подготвува од цвекло, морков, јаболка, лимон и мед. Ова е рецептот, но ако количински ви треба помалку, намалете ја дозата. Се состои од :1 кг. Цвекло, 1 кг морков, 1 кг зелени јаболка, 1 кг лимона, 1 кг мед.

Убаво измијте ги а лимонот ставете го во малку солена вода за да се извлече горчината од кората. Од јаболките отстранете ја дршката и средината. Ништо од намирниците не се лупи.  Се се ренда и се остава да отстои 24 часа. Потоа се цеди низ газа и се додава медот. Сокот ставете го во стаклен сад  и во фрижидер. Треба да го пиете по 0,3 децилитри три пати на ден и да го потрошите за неколку дена бидејќи не може долго да трае. Доколку имате соковник, тогаш немате потреба од рендање, туку се ставете во него и готовиот сок оставете го нека отстои преку ноќ, па утрото додадете го медот и така започнете го денот, пренесува Атма.

Фото: 24sata.hr