Дами не се плашете, еве како да ја бојадисате косата дома а да личи како да сте биле на фризер – ММС
ММС

Објавено на: 04/5/20 10:00 AM

Дами не се плашете, еве како да ја бојадисате косата дома а да личи како да сте биле на фризер

Состојбата не дозволува да ја бојадисаме косата во салон, затворени се, па сме принудени тоа да го направиме дома. Без паника, бојадисувањето на косата може да биде ефикасно и дома, а еве и неколку совети како да го направите тоа:

Стара облека:  Облечете некое парче стара облека, која немате намера веќе да ја носите. Такво нешто сите имаат дома, па еве прилика да се ослободите од нив.

Заштита на лицето, ушите и вратот: Ако не сте баш испраксирани за бојадисување на косата дома, тогаш може бојата да ви се разлее и низ лицето, ушите, вратот, која потоа со денови не можете да ја избришете. Затоа пред да почнете сите овие делови намачкајте ги со крем. Колку е кремата помрсна толку подобро, а ако не ви се троши крем, тогаш намачкајте се со вазелин. Бојата подобро се впива ако е немиена косата, па затоа пред да с фарбате неколку дена не ја мијте косата. Ако мислите косата да ја бојадисувате,тогаш на неа не ставајте гел, лак, серум или други препарати бидејќи тоа и пречи на впивањето на бојата.

Капа за туширање: Капата е практична бидејќи топлината  подобро влијае на бојата, но и ќе го заштитите станот од миризба или, пак, да не ви капне некаде. Затоа откако ќе ја бојадисате ставете ја на глава а извадете ја кога ќе ја миете.

Измивање:  Фризерите предупредуваат дека жените кои сами ја бојадисуваат косата ја мијат површно.  Ова не е убаво за коренот на косата, влакното може да се затне и да се оштети. Затоа убаво измијте ја бојата а после уште еднаш мијте ја со шампон кој одговара на вашиот тип на коса.

Текст:telegraf.rs

Фото:kodex.me