Од денешните пет потврдени случаи во Штип, двајца се од Радовиш – ММС
ММС

Објавено на: 04/4/20 4:22 PM

Од денешните пет потврдени случаи во Штип, двајца се од Радовиш

Министерството за здравство, по штотуку добиената информација од Институтот за јавно здравје, информира дека во денешната статистика во делот кој се однесува на дистрибуција на заболени од Ковид-19 по градови, од денеска 5 потврдени случаи во Штип, по завршување на епидемиолошката анкета, 2 лица се од Радовиш, а истите се тестирани преку ЦЈЗ Штип.

Согласно ова, од потврдени 53 нови случаи дистрибуцијата по градови денеска е следна:  Скопје -13, Куманово -8, Штип -3, Радовиш- 2, Прилеп – 2, Струга – 14, Тетово – 2, Велес – 1, Гостивар – 2 и Кочани – 6.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
Скопје – 221
Куманово -93
Дебар – 49
Штип-18
Радовиш – 2
Прилеп –24
Тетово – 17
Струга – 23
Велес – 9
Битола – 4
Охрид – 3
Кавадарци –2
Гостивар – 4
Гевглелија – 4
Струмица – 1
Крива Паланка- 2
Кочани – 7