-Па знаете дека јас сум по потекло од село Подареш, Радовишко и овој период најчесто сум таму, мислам дека подобра изолација и не би можело да имам, вели фолк пејачот Јордан Митев, кој како и сите совесни граѓани ги слуша препораките на надлежнте и дава свој придонес за ова лудило што побргу да заврши.
-Овде е мирно, заедно сум со семејството , планината е блиску, нема гужва и галама така тоа е мојот карантин. Се движам низ државата само доколку навистина е неопходно и тоа е се. Како што знаеме во овој период сите настани се откажани, сите објекти кои ме поврзуваат мене со нив се затворени така да буквално се е стопирно и изгасено. Оваа ситуација ја користам да се одморам, да прочитам нешто, да се информирам за повеќе работи, да преслушам некоја музика, да размислам што понатаму, да поминам едно многу корисно и драгоцено време со фамилијата бидејќи во нормална ситуација се нешто има за брзање. Генерално така ми поминуваат овие денови кои од една страна даваат чувство на страв и негативност од друга страна даваат некој оптимизам за подобро утре бидејќи можеби на светот и му требаше малку да подзастане, вели тој.
А времето што го поминува дома со семејството, не само што го користи за одмарање, туку и за размислување, како понатаму, кога ќе заврши ова лудило.
Јордан со сопругата
-Па мислам дека сите научивме дека современиот свет без куршум и оган може за многу кратко време да биде уништен без разлика кој од каде е и кој статус го има. Како и кој го ова има направено, дали намерно или ненамрено препоставувам ќе има многу анализи па секој ќе си донесе свој заклучок за ситуацијата. А што сакав да правам, па сакав да бидам искрен да застанам како што сега застанав и малку да ја растеретам главата од сите притисоци, од трката со себе. Само се надевам дека нема долго да трае како за мене така и за сите луѓе, додава тој.
На Јордан ме му пажа тешко седењето дома, а тоа им го препорачува и на сите, иако длабоко во себе верува дека ние сме одговорни.
-Иако на социјалните мрежи некогаш гледам доста критики за нашиот народ сепак мислам дека во најголем процент луѓето одговорно се однесуваат и секој го почитува законот и препораките. Секогаш имало и ќе има народски кажано по некоја црна овца за било што па и за оваа ситуација но генерално нашиот народ покажува ниво на висока свест и одговорност. Се надевам така и ќе продолжиме се до комплетното искоренување на оваа чума која го зафати и парализира целиоит свет и за неколку недели да се вратиме во нормала. Ова е голем удар за сите, најмногу за сиромашните земји и народи како што сме ние, вели Јордан.