Досетливи мостарци го искористија споменикот на Брус Ли во нивниот град за своите сограѓани да ги потсетат дека треба да се почитуваат прописите и мерките за борба потив коронавирусот.
Така, бронзениот споменик во Мостар, Босна и Херцеговина, првиот град во светот што му подигнал такво обележје на планетарната борачка филмска ѕвезда, осамна со маска на лицето и со ракавици на рацете.
На бронзениот споменик Брус Ли е во природна големина и во карактеристичниот борачки став. Во подножјето на споменикот е напишано: „Твојот Мостар“, пренесува „Аваз“.