Утрото студено, преку денот променливо облачно, во јужните делови со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Максималната температура до 13 степени. Тоа е прогнозата на УХМР за денеска.
В сабота во целата земја ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои ќе се задржат до недела претпладне. За време на викендот ќе дува умерен до засилен североисточен ветер. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во значителен пораст. В среда се очекуваат максимални 20 степени.


