По објавата на видеото на кое се гледа како двајца маажи претепуваат девојка во влез на станбена зграда, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев ги објави иницијалите на двајцата насилници, кои се најдени и уапсени.
-Во врска со видеото кое утрово се споделува на социјалните мрежи, ја информирам јавноста дека од страна на Секторот за внатрешни работи Штип преземени се мерки за утврдување на идентитетот на лицата кои се препознаваат на видеото и истите се лишени од слобода за понатамошно постапување. Според информациите од ПС ОН Штип, станува збор за лицата С.А и П.Р. За конкретниот настан и преземените мерки известено е основното јавно обвинителство. Министерството за внатрешни работи ги презема сите потребни мерки за целосно расчитување на случајот, соопшти Чулев.


