Се разведов пред година и пол, 90 отсто од браковите ви се фиктивни и сега мене најдовте да ми броите колку пати сум се женел- Отворено со Маленко – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/20 8:30 AM

Се разведов пред година и пол, 90 отсто од браковите ви се фиктивни и сега мене најдовте да ми броите колку пати сум се женел- Отворено со Маленко

„Маленко се разведе од четвртата жена! Абе какви се тие ексклузивни пишувања за мојот приватен живот и за брак кој завршил пред  18.5 месеци или пред година и пол,како сакате“, вели Александар Маленко, нашиот најдобар пливач и актуелен претседател на Пливачката федерација, за mms.mk.  Тој по вчерашното гостување на телевизија каде, како што вели,само  рекол –„сам сум“  ги натера медиумите да пишуваат за развод со сопругата Фанче од Охрид, со која ги има децата Доминик (6.5) и Елисеј (4.5).

-Со Фанче решивме да се разделиме пред година и пол и до сега  никаде ништо не сум спомнал.  Да, бевме седум години во брак, имаме две синчиња и бракот заврши со пријателска разделба, без трауми. Животот продолжува понатаму, ние сме во комуникација и понатаму а децата поради работата, бидејќи веќе три години живеам и работам во Скопје,  не се секој ден со мене и не ги гледам како треба. Тие се со Фани и живеат в нашиот дома во Охрид. Нема драма, нема помпезност, нема ниту трауми. По седум години брак се разделивме и толку. Тоа е наш приватен живот и никого не замараме. И нема потреба. Кому да му полагаме сметка, нема потреба од експонирање.  Мене само ми е смешно што никој не ми се јавил да ме праша и сега коментираат за нешто што се случило пред година и пол, вели пливачот.

За причините за развод не сака да коментира, бидејќи, како што вели, тоа не го правел досега, а нема да го прави ниту, пак, сега.

-За причина за разделба со Фанче нема да коментирам,  не сакам да навлегувам во причини, важно е што се се заврши пријателски. Па јас и за поранешните  бракови ништо не сум коментирал, па нема ни сега. Било и завршило по седум години на најдобар начин. Да, никогаш ништо лошо не сум кажал за ниедна сопруга нема ни сега да кажам. Не живеам во свет за да вадам валканици. Тоа се глупости. И знаеш што ми е најсмешно. Ако луѓето живеат за да ми бројат колку пати сум се женел, Господ нека им е на помош. Секој нека си го гледа својот живот и својот брак. Да, ќе порачам- гледајте си ги своите бракови, бидејќи 90 отсто од браковите ви се фиктивни и сега мене ќе ми водите ред, вели Маленко.

Тој вели дека има контакт со сите пет деца, кои ги има од  четири различни жени, но и со внучето од најстарата ќерка Лора.

-Внучето, за жал,  го видов, само еднаш, бидејќи претходно патував, не бев често тука, а сега заради пандемијата не се среќаваме.  Во контакт сум и со останатите деца. Аркади (12), кој го имам со Ирина Татјана од Русија го гледам преку лето иако и јас два пати сум бил таму.  Со Ахил малку послабо, но контактираме.  Не се тоа гледања секој ден и дали е тоа доволно или не ќе видиме,  има време, ќе пораснат ќе сфатат. Децата растат и ќе разберат, вели тој.

После се тој вели дека е посветен само на обврските со професијата и дека не размислува за приватниот живот.

-Сега сум сам, немам никој и посветен сум на професијата. Немам приватен живот, бидејќи покрај обврските во федерација работам и како личен  тренер за пливање. А дали после се пак ќе запливам во брачни води не знам.  Јас секогаш ќе пливам како професионалец а за приватно што ќе даде Господ, бројот е ирелевантен, додава тој.

Весна Миленковска