Ви се трча? Дали е паметно да трчате во време на пандемија? – ММС
ММС

Објавено на: 04/2/20 7:39 AM

Ви се трча? Дали е паметно да трчате во време на пандемија?

Пандемјата од Коронавирусот влијае на сите аспекти од животот. Надлежните дадоа јасни инструкции за тоа како треба да се заштитиме, но на некои од нив се уште не им е јасно, како на пример на оние кои се навикнати да трчаат. Тие се во прашалници- дали е сигурно и безбедно по здравјето да се трча в време кога мораме да запазиме дистанца меѓу нас.

Лекарката Прија Александар вели дека одговорот е позитивен, но само во случај да не сте во самоизолација поради контакт со некој на кој му е потврдена заразата од Коронавирус или ако постои сомнеж дека сте заразени бидејки сте патувале во странство. И најважно од се е да трчате на место каде нема луѓе.

“Трчањето е одлично за менталното и телесното здравје,особено сега”, изјавила за списанието Men’s Health.

“Ако не сте во самоизолација и немате симптоми на коронавирус, внимавајте околу вас да нема луѓе и трчајте. Јас ова го потенцирам, но навистина најважно во ова е трчање само и само ако ги избегнувате другите и не трчате во пар. Тоа е одлична активност за тело и ум”, рекла  др. Александер.

Според насоките, две личности во затворен простор мора да бидат одалечени минимално два метри, додека на отворено еден метар. Секако, преземете ги сите мерки, доколку не можете да издржите и се одлучите да истрчате неколку круга на свеж воздух. Избегнувајте допир на било какви површини и измијте ги рацете веднаш штом  ќе дојдете дома.