Некои од светските научници изведоа докази дека постојат повеќе „тивки носители“, или здрави луѓе со вирус, кои покажуваат малку или без никакви симптоми, отколку што првично мислеле експертите.Во Кина, се проценува дека третина од сите позитивни случаи не покажуваат никакви симптоми, според класифицираните податоци на кинеската влада.
На крузерот Дајмонд принцез, што се вкотви во Јокохама, околу половина од повеќе од 600 позитивни случаи откриени на бродот немаа симптоми.
Сличен процент на асимптоматски случаи е забележан и во Исланд , каде се тестира поголем процент на граѓани од кое било друго место во светот.
Преовладувачкото верување е дека бидејќи овие луѓе не покажуваат симптоми, тие не се многу заразни. Но, некои научници го оспоруваат ова.
Неодамна објавената студија за случаи во Кина откри дека „недокументирани случаи на инфекција“, или оние со или благи или без никакви симптоми, биле значително заразни и може да бидат одговорни за скоро 80% од позитивните случаи на вируси.