Баражот меѓу Македонија и Косово ќе се игра во септември – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/20 6:39 PM

Баражот меѓу Македонија и Косово ќе се игра во септември

Ново одложување на баражот од Лигата на нации меѓу Македонија и Косово за пласман на Европското првенство.  УЕФА на денешниот видео-состанок со претставниците на 55 земји членки донесе одлука за ново поместување на термините.  Официјално натпреварите се одложени на неопределено време, а се шпекулира дека тие би се одиграле на 3., односно на 8. септември. Баражите првично беа закажани за крајот на март, потоа требаше да се играат во периодот од 4 до 9 јуни, но коронавирусот и натаму го парализира спортот.

Одложувањето на Европското првенство за следната година, остава простор јуни и јули да се искористат за завршниците во националните првенства. Паралелно со баражите и европските клупски купови добија нови термини. УЕФА и за нив има ново одложување. Елиминациските дуели како и финалињата и во Лигата на шампионите и во Лига Европа ќе се играат во втората половина на јули и во август.

Извор: 24.mk

Фото: ФФМ