Италијанското гратче Ферера Ербогноне, кое е на 50 километри од Милано, е единственото во Ломбардија, каде што вирусот е најраспространет, во кое нема ниту еден заболен со Ковид-19. Многумина се чудат како тоа е можно.
„Бевме многу внимателни уште од првиот ден. Сите имавме маски, ракавици, превентивно за се’ бевме информирани од локалната самоуправа и од цивината заштита“, велат жители на местото.
Гратчето има 1.100 жители, а градоначалникот Ѓовани Фасина по професија бил погребник.


