Tуркменистан забрани употреба на зборот коронавирус, а се апсат и луѓе што зборуваат за него или носат маски – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/20 10:30 AM

Tуркменистан забрани употреба на зборот коронавирус, а се апсат и луѓе што зборуваат за него или носат маски

Туркменистан и’ забрани на медиумите да го употребуваат зборот коронавирус, пренесуваат агенциите. Како што се наведува во соопштението на „Репортери без граници“, зборот коронавирус е отстранет и од здравствените брошури што се дистрибуираат во болниците, компаниите, училиштата.

Богатата централноазиска држава, која граничи со Иран, досега нема признаено ниту еден случај на зараза, додека во соседниот Иран има 45.000. „Репортери без граници“ наведува дека се случува полицајци во цивилни одела да апсат луѓе што носат заштитни маски или разговараат за коронавирусот.

Туркменистан е меѓу најзатворените земји во светот и последна по слободата на медиумите, а на власт од 2006 година е претседателот Гурбангули Бердимухамедов.