Во изолација го дочека 110. роденден: Лулу од Шпанија ги преживеала шпанскиот грип и граѓанската војна, не и’ се дава и на короната – ММС
ММС

Објавено на: 04/1/20 8:57 AM

Во изолација го дочека 110. роденден: Лулу од Шпанија ги преживеала шпанскиот грип и граѓанската војна, не и’ се дава и на короната

Лујза-Лулу Васкез де Силва е родена пред 110 години е родена во Понтеведра, а денес е најстариот жител на тој град со 83.000 жители на северот на Шпанија, во која пустоши коронавирусот. И таа, како и другите 47 милиони жители на Шпанија, веќе три седмици е во изолација, пренесуваат агенциите.

Лулу нема деца, но има 87 поблиски и подалечни роднини, од кои дел, иако сега живеат далеку од Понтеведра, дојдоа да ја изненадат за нејзиниот 110. роденден. Во договор со локалните власти, четворица од нив, со заштитни маски, биле пуштени да дојдат пред влезот на најзината зграда и да го рзавиорат транспарентот „Среќен 110. роденден“.

Но, тоа не било се’. Во името на градот, четири полициски автомобили со вклучени сирени и ротациски светла, во чест на Лулу, се паркирале пред влезот. Кога изненадената Лулу, која во овие времиња и заборавила дека и’ е роденден, полицајците и роднините и’ ја запаела познатата „Среќен роденден…“.

„Мораме да се чуваме од болеста. Кога ова ќе пројде, двојно ќе го прославам роденденот, со сите со кои сега не можам да бидам“, рекла Лулу.