Како да не ви се замаглуваат очилата додека носите заштитна маска – ММС
ММС

Објавено на: 03/31/20 9:25 PM

Како да не ви се замаглуваат очилата додека носите заштитна маска

Поради корона вирусот многумина носат заштитни маски, но оние кои носат очила имаат дополнителен проблем- поради маската очилата им се замаглуваат. Причина е вашето дишење. Маската го насочува издишениот воздух нагоре, тој минува низ очилата и се кондензира.Поради тоа  морате постојано да ги бришете или да чекате да се одмаглат.  Најголемиот проблем, сепак, е што очилата не можат да ви се одмаглат а вие не можете да престанете да дишете  и тие постојано ви се замаглени. Постојат неколку начини како да си помогнете а кој ќе биде најдобар за вас зависи од условите во кои работите и живеете. Еве неколку совети кои  ќе ви помогнат.

Насочете го дишењето надолу- На тој начин  ќе го намалите количеството воздух што го издишувате а кој е насочен кон очилата. Тоа не е лесно и совршено и затоа повремено комбинирајте го со другите начини

Сапун и вода- Пред да ги ставите маските исперете ги очилата со сапун и вода и истресете ги. Нека се исушат на воздух, не вие да ги бришете. Целта е на очилата да остане тенок, речиси невидлив слој на сапун, што ќе спречи да се собира влага. Сличен ефект се добива и со пената за бричење.

Правилно ставете ја маската- Ова зависи од тоа каква имате. Ако носите маска Н-95,битно е да е прилепена кон вашето лице.  Но, ако носите хируршка или памуčна маска, овој совет за вас не важи.

Користете марамче-Ова го советуваат Јапонците, кои се искусни во носење маски. Земете марамче и свиткајте го. Свитканиот дел од марамчето  ставете го на врвот на маската, да стои како штипка. Вака постигнувате две добри работи. Прво, марамчето ја впива влагата, а друго материјалот е помек и маската ќе биде поудобна за носење.

Средства против замаглување-Користете средства против замаглување на стакла, со нив ефектот сигурно  ќе трае подолго од сапунот или пената за бричење. Но, средствата се поскапи а може да предизвикаат и иритирање на очите, па бидете внимателни.

Свиткајте го врвот на маската-  Само свиткајте го врвот на маската надолу. Така ќе има малку повеќе простор меѓу  маската и очилата и воздухот ќе има повеќе место да се рашири.

Леќи место очила-  Оние кои носат леќи  добро знаат,но за оние кои немаат искуство а сакаат да носат леќи важно е да се спомене дека мора многу да водат сметка за хигиената на рацете, за да не се појават несакани инфекции.

Извор: mondo.rs /Фото: avaz.ba